Денеска кај селото Долно Дупени, Општина Ресен, започна обновата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“, од македонската страна, кој е затворен повеќе од 50 години.
Со проектот е предвидена изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети.
Истиот треба да биде завршен за 16 месеци.
„Мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави. Во таа насока, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави“, посочи меѓудругото премиерот Христијан Мицкоски.
Проектот е дел од програмата „ЕУ за Преспа“, финансиран од Европската Унија и реализиран од УНДП во партнерство со националните и локалните институции.
Фото: Влада