Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.
На 10. декември, со почеток во 21 часот, во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ (2024, 75 мин.) во режија на Бојан Тантуровски, ќе биде промовирана новата онлајн платформа „Doc Around Europe – Film Festival Network“, а вечерта ќе заврши со предновогодишно дружење и коктел.
Премиерата на документарниот филм „Градина“ на Бојан Тантуровски се одржа на 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. По триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, последните герила-градинари во Скопје се соочени со иселување. Како што се шири градот, тие се принудени да бараат друго земјиште.
Влезот на проекцијата и на промоцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.
Промотивна објава