Меѓународниот ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8 Март.
Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20. век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.
Првиот Ден на жената е одбележан на 28. февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Во 1910 година под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.
Следната година, на 19. март 1911, овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.
На 8. март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 Март по првпат е прогласен за државен празник.
На запад во 1920-тите одбележувањето на 8. Март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8. Март не е прогласен за државен празник.
Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8. Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.
Денес, 8. Март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.
Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.
Користени материјали од Википедија
Фото: Унсплеш