еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ивана Гиновска нов директор на Државниот инспекторат за животна средина

Ивана Гиновска е нов директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Таа доаѓа на местото на Сретен Стојковски.

Гиновска е кадар на владејачката ЗНАМ. На последните парламентарни избори беше кандидат на партијата за пратеник.

Таа е магистер на економски науки – маркетинг менаџмент.

Работела и како банкарски службеник, во Домотот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово и во ЈП „Куманово паркинг“.

Член е и на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад ЕкоИсток – Североисток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледаше настапот на Васил Гарванлиев на Евровизија

Редакција

Централниот регистар ги осуди заканите на нивен вработен кон новинарката Мери Јордановска

Редакција

Ванчо Чифлиганец преку „Адора инженеринг“ во милионски поход по акции од Комерцијална банка

Редакција