Докторот Игор Стојковски е нов директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Тој е шеф на отсекот на Одделението за малигни тумори на ЦНС, коскени тумор и кожа на Онкологија од 2013 година, а претходно работел како шеф на отсек на Одделението за малигни тумори на главата и на вратот.
Од 1997 до 1998 година работел како лекар – волонтер на Онкологија, а од 2000 до 2004 година како лекар на специјализација на оваа Клиника.
Од 2018 до 2023 година бил доцент на Катедрата за онкологија со радиотерапија при Медицинскиот факултет во Скопје, а од 2023 година е вонреден професор на овој Факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Андон Чибишев, новиот директор на Токсикологија
Каков имот пријавил Фатмир Меџити, новиот директор на Неврологија