Дваесет и девет годишниот Марко Давчев од Струмица е исчезнат од 9. декември, а во информацијата во билтенот на Министерството за внатрешни работи стои дека неговото исчезнување од пријавено од неговиот татко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во истата стои и дека тој е со нарушено здравје.
„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д. (64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираа од МВР.
Од СВР Струмица за порталот ММС велат дека интензивно се трага по него.
„Исчезнувањето на момчето е пријавено од страна на неговиот татко и уште од првиот ден се преземаат интензивни мерки за негово пронаоѓање“, вели Александра Трајанова, портпаролка на СВР Струмица за ММС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Младиот Марко Давчев од Струмица исчезнат една недела, семејството моли за помош
Фото: Фејсбук/Давчев