еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Силвана Бонева, која е ослободена за случајот со патните трошоци

Силвана Бонева, поранешната пратеничка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е ослободена од обвинението за случајот „Друмарина“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а се однесуваше на нејзините патни трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бонева ослободена за „Друмарина“, случајот за патните трошоци

Како што информираа од Кривичниот суд, бидејќи Јавното обвинителство не го докажало обвинението.

Нејзиниот анкетен лист, бидејќи е поранешен функционер, неможе да се најде на официјалната страна на Антикорупциската комисија, но еМагазин го има во својата архива, од времето кога станала пратеничка.

Каков имот пријавила

На свое име пријавила возило Опел астра,

На име на родителите пак куќа и деловен простор.

Во нејзиниот анкетен лист нема недвижен имот на име на нејзините синови. Имено во 2014 година, тогаш опозициската СДСМ објави дека таа не пријавила два стана на име на синовите во Скопје.

Таа пак во изјава за медиумите потврди за еден стан во Скопје.

Законска обврска на функционерите е дека го пријават имотот на целото семејство.

Фото: Бонева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов треба да се донесе одлука за штрајкот во училиштата и градинките, дијалогот продолжува

Редакција

Од Ковид-19 починале 16 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Трагедија во кумановско: Момче се удави во Пчиња, кај селото Шупли Камен

Редакција