еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Калиопи пред концертот во Скопје: „Ова ќе биде највеличенствениот концерт во мојата кариера”

Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Калиопи во Скопје, на 19. октомври во арена “Борис Трајковски”.

Пробите се веќе во тек, а воодушевувањето е взаемно. Ова со сигурност ќе биде еден од најдобрите концерти кои некогаш му се случиле на Скопје, концерт богат со аудио-визуелни ефекти, неверојатни звуци и енергија. Калиопи ветува дека на 19. октомври на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.

„Не можам да ја опишам возбудата која ме обзема деновиве пред големиот концерт во Скопје. Имам чувство дека арената „Борис Трајковски” ќе биде премала за да ги собере сите емоции, вечерта, на 19. октомври. Многу сум среќна што големиот јубилеј ќе биде крунисан со, за мене, најголемиот и највеличенствен концерт во мојата кариера, токму овде, во Скопје.

Подготвуваме спектакуларно музичко и визуелно доживување за публиката и сите со нетрпение го чекаме денот на концертот. Ќе биде тоа ноќ која сите ќе ја паметиме долго, долго”… – вели Калиопи.

Сигурни сме дека овој концерт ќе биде уште една успешна мисија на Калиопи. Се гледаме на 19. октомври во „Арена Борис Трајковски”.

Останати се уште мал број на влезници кои имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com , Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 68.557 денари убедливо на врвот

Редакција

Професор Трајковски: Влегуваме во финалето на ужасот, кој не се вакцинирал и не прележал, најдобро да избегнува луѓе во затворен простор

Редакција

За Мицкоски е навреда ако тројцата дипломати од ЕУ дошле во Македонија само за уставните измени

Редакција