еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Концерт на данскиот музички состав Ефтеркланг на 1. мај во Паблик рум

Данскиот музички состав Ефтеркланг ќе оджи концерт на отворено во културниот центар Паблик рум на 1. мај.

Настанот, кој е замислен како „пикник – концерт” ќе започне во 14 часот.

Ефтеркланг е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг.

На 27. септември 2024 година го објавија нивниот седми студиски албум насловен како „Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја.

Документарниот филм, „Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество зазема и јавната културна установа МКЦ, беше премиерно прикажан во рамки на фестивалот “CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера се реализираше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал Синедејс.

Билетите за концертот на 1. мај се ограничени и може да се набават на веб страната bileti.drugastrana.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX” во Копенхаген

Премиера на „Ефтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген, на еден од најголемите фестивали за документарен филм

Овации за премиерата на филмот „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 11 лица, 8 биле со коморбидитети

Редакција

Смени во Управниот одбор на ГД Тиквеш

Редакција

32 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција