еМагазин
Image default
Техно

Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со решенија за најдобро домашно интернет искуство

Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со иновативни решенија со кои дигиталната технологија во домот функционира совршено. Со решенијата се нуди суперстабилен интернет насекаде во домот, едноставно управување со поврзаните уреди, целосна безбедносна заштита и услови за врвно гејминг искуство, информираат од таму.

Стабилен Wi-Fi сигнал во секој дел од домот

Со новата услуга Wi-Fi Booster, се засилува Wi-Fi сигналот и се обезбедува поголема и постабилна покриеност во домот, што овозможува супербрзо и стабилно сурфање на повеќе уреди одеднаш. Wi-Fi Booster е интегриран mesh уред, особено погоден за куќи и поголеми станови, каде што Wi-Fi сигналот од рутерот не стигнува до сите делови од домот. Штом еднаш се приклучи, уредот може да се поврзе со сите уреди во домаќинството коишто поддржуваат Wi-Fi мрежа.

-Креиран да создаде стабилен и силен сигнал насекаде во домот, овој мал уред се базира на иновативна платформа RDK, којашто е развиена во соработка со Дојче Телеком и овозможува напредни функционалности, а истовремено и помали трошоци за корисниците, велат од таму.

Управување со домашната Wi-Fi мрежа преку апликацијата Telekom MK

Wi-Fi Booster-от е достапен заедно со Wi-Fi Manager, со кој се управува со Wi-Fi мрежата преку апликацијата Telekom MK, дури и кога корисникот е надвор од домот. Преку Wi-Fi Manager, едноставно и со само неколку клика може да се провери кои уреди се поврзани на мрежата, да се вклучи или исклучи пристапот до интернет за одредени уреди, да се сподели домашната мрежа преку QR код и да се промени името и лозинката на мрежата.

-Во Magenta дом се нуди и Gaming Booster, за совршено гејминг искуство и услугата SafeNet Home којашто ги обезбедува сите онлајн активности. Со Magenta дом се користи врвна технологија за најдобро секојдневно искуство во домот, велат од таму.

Повеќе информации на: www.telekom.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката во сите сегменти за 10 години, вели шеф на јапонска корпорација

Редакција

Знаете ли дека постои софтвер за родителска контрола што децата гледат на интернет: Како да го инсталирате

Редакција

Samsung ја лансираше Jet™ Cordless Stick правосмукалката со високи перформанси

Редакција