еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком ја заврши 2024 година со одлични финансиски резултати, раст и лидерство

Македонски Телеком ja затвори 2024 година со успешни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Успешното работење се темели на стратегијата за пионерство во новите технологии и најдобро корисничко искуство, информираат од таму

-Приходите од продажбата се поголеми за 2 проценти, а оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) бележи зголемување од 0,3 проценти споредено со истиот период минатата година. Нето добивката е зголемена за дури 7,6 проценти, а вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од 2024 година изнесуваат 2,286 милиони денари, посочуваат од таму.

Најголемата гигабитна мрежа

Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најновите технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа, велат од таму.

-Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 344 илјади пристапи до оптика, што е за 9,6 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Нашата 5G мрежа е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Повторно ја освоивме престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа, како и најдобар квалитет на мобилната мрежа, велат од компанијата.

Број 1 за корисниците

Трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти се должи на фокусот на супериорно корисничко искуство, посочуваат од таму.

-Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 218 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел на пазарот од 62,2 проценти и 233 илјади корисници. Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 48,1 процент со стабилна база од 1,28 милиони корисници.

Првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците, Magenta Moments, достигна 280 илјади корисници.

Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, како и според Love Brand индексот, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници, велат од компанијата.

Одговорност кон општеството и животната средина

И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина, велат од таму.

-Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество, допревме до речиси 33 500 илјади корисници.

И годинава ја продолживме еко-акцијата за собирање и рециклирање стари уреди и собравме над 6.2 тони отпад од елекрична и електронска опрема, како и 9.600 стари уреди. Придонесуваме за намалување на штетните емисии на CO2, со тоа што сме како компанија CO2 неутрални. Нашиот тим го движи прогресот и оваа година сме прогласени за најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво и го имаме престижниот сертификат Employer Partner.

Ова е наша долгорочна стратегија и дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата препорачува еден член од семејството да купува намирници и лекови од маркетите и аптеките

Редакција

Зголемување на штедните влогови и кредитите на граѓаните

Редакција

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси

Редакција