Утре или во понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи, поради кои граѓаните организираат бојкот на поголемите ланци маркети.
„Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и да го толерираме.
Подготвени сме да ги преземеме сите мерки што ни се на располагање за да ги спречиме овие незгодни ситуации,“ рече министерот за економија Бесар Дурмиши на брифинг со новинарите.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до крајот на неделава треба да ги заврши шестмесечните контроли со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.
„Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки,“ додаде Дурмиши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во петок нов бојкот на маркетите, ќе биде ли успешен?
Фото: Unsplash