еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО

Листата на помилувани осудени лица од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, продолжува да ја бранува јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова

На истата освен член на криминалната скопска група „Барон“, што предизвика најголемо внимание и реакции, се најде и Живко Делиџаков од селото Богородица, кој доби скратување на затворската казна од три месеци. Нема информација за што е осуден и колку му останува од казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова

Фокус објави дека тој заедно со Тодор Петров пред четири години поднел иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Сиљановска Давкова откако се објави кој е помилуван видела дека некои од помилуваните се “навистина интересни во негативна смисла“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 434 случаи на Ковид-19 од 3.026 тестирања

Редакција

Османи тврди дека Бугарија не барала нов договор со уставни измени

Редакција

Ново обвинение за Нефи Усеини, за дивоградба во центарот на Охрид

Редакција