еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката Божиновска се уште има бугарско државјанство, тврдат бугарските медиуми

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која пред една година поднела барање за ослободување од бугарско државјанство, се уште се води како државјанка на источниот сосед, тврди бугарската агенција БГНЕС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Сања Божиновска, кандидат за министер за енергетика

Како што велат извори за агенцијата од бугарското Министерство за правда, за нејзе до денеска не е издаден указ за ослободување од државјанство.

Тоа се правело по темелна проверка за секаков вид на обврски на барателот.

Агенцијата објави и дека не само Божиновска, туку и целото нејзино семејство имало бугарски пасоши – нејзиниот татко, мајка и брат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Сања Божиновска има и бугарско државјанство

Откако беше откриено дека Божиновска има бугарско, но и чешко државјанство, таа во неколку наврати изјави дека бугарски пасош зела од економски причини, а пред неколку дена и на Фејсбук со објава напиша дека била Македонка и секогаш ќе била тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два стана во Шпанија, по еден во Португалија и Србија: Министерката Божиновска меѓу најбогатите во Владата

Министерката Божиновска тврди дека немала повеќе бугарско државјанство, го имала поради деловни активности во ЕУ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

Редакција

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Општина Виница

Редакција

(ВИДЕО) Ние сме тука за да ја релаксираме атмосферата и да ја обновиме довербата, порачаа Пендаровски и Радев од скопскиот аеродром

Редакција