На денешните пратенички прашања во Собранието, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ја навреди пратеничката Славјанка Петровска, за нејзината семејна состојба.
На пратеничко прашање за потрошувачката кошничка Димитриеска Кочоска дрско и одговори на Петровска дека „не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца“.
„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши?
Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство,“ рече Димитриоска Кочоска.
Со осуда за ваквите лични навреди, денеска излегоа СДСМ, ГРОМ и Левица.
Фото: Фејсбук/Кочоска