еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наместо системот на заслуги, постојат двојни стандарди и билатерални спорови, изјави Мицкоски во Минхен

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон Европската унија (ЕУ), премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка.

„За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексна. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа.

За жал има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот“, рече премиерот Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција

Тој додаде дека промената на името не беше единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава.

„Да ве потсетам тука беше и промената на знамето. Наш маркер е и останува да биде, да станеме дел од ЕУ, без сомнение. Слушам некои коментари тука дека имало говор во текот на првиот ден од американскиот заменик-претседател Венс и дека тој говор значел големо мешање во внатрешните работи.

Промената на името, промената на знамето, промената на валутата, што се? Не се мешање во внатрешните работи. Колку долго треба да патиме од двојните стандарди? Ние тука не зборуваме за процес заснован на системот на заслуги, ние зборуваме за билатерални спорови кои не треба да имаат ништо заедничко со европските вредности“, дополни Мицкоски.

Тој потенцираше дека како држава имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ.

„Ние сме меѓу петте земји најголеми донатори на Украина по глава на жител, исто го исполнивме условот од 2% за одбранбени трошоци на годишно ниво. Ние сме целосно усогласени со барањата за надворешната и одбранбената политика.

Морам да го истакнам ова прашање, кога Русија го напаѓа и го негира украинскиот идентитет, за што и претседателот Зеленски зборуваше вчера, ние сме сите гласни, критикуваме, се бориме за правата на украинскиот народ и против оваа невидена агресија, но кога парламент на една земја членка од ЕУ го напаѓа и го негира македонскиот идентитет и мојот македонски мајчин јазик, тогаш сите молчат“, заклучи Мицкоски и дополни дека Европа нема да биде обединета без сите европски земји.

Овој процес ќе трае додека сите аспиранти земји не станат дел од заедничката маса со останатите земји членки на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа, рече Мицкоски на панел-дискусија во Минхен

Зеленски од Минхен побара Европа да создаде своја војска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

Редакција

Дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

(Видео) Нема ни северна, ни јужна, Македонија е една и грчка: Претседател на грчка партија во Парламентот го искина Договорот од Преспа

Редакција