Речиси во исто време додека техничкиот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев на граничниот премин со Грција, „Богородица“, со церемонија лично ги пречека 140. илјади обрасци за пасоши со новото име, на Месечината слета првото комерцијално летало во историјата на човештвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Прво комерцијално летало слета на Месечината
Сега со оваа големо достигнување за македонски услови, пасошите треба да станат достапни и за граѓаните по редовно постапка, ама ако претходно успеат да закажат термин за да се фотографираат за истите.
Колку ќе чекаат да ги добијат пасошите, ако се фотографираат, останува мистерија, како црната дупка, која и НАСА неможе да ја одгатне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигнаа 140.000 обрасци за пасоши, уште термин за фотографирање да можете да закажете
Голготата за илјадници граѓани, како што стојат моментално работите, ќе потрае, а во меѓувреме ќе гледаме во живо кој повеќе ќе „направи“ за граѓаните, дали заменикот од владејачката СДСМ или министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оти нели избори се ближат, не за друго.
А на Месечината тешко дека некој од Македонија ќе слета и во наредниот век. Не дека немаме паметни луѓе во оваа прекрасна земја која ни ја уништија политичарите, ама неспособните одма им ги сечат крилјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР/Твитер/„Интуитив машинс“