еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема да има поскапување на нотарските тарифи од 1. септември

Министерот за правда Игор Филков иницираше постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за зголемување на нотарската тарифа којашто беше донесена од претходната Влада и поранешниот министер за правда Кренар Лога.

Министерството за правда иницира постапка пред Владата да се анулира дадената согласност на тарифата што ќе претставува основа за непримена на донесената одлука.

Пред да се направат измени од ваков обем кои дирекно се одразуваат врз граѓаните и стопанството во државата, неопходно е отворање на широка дебата, посочи денеска Филков.

„Според овие измени најголемо поскапување имаше кај составувањето на нотарски акти од помала вредност кои се чести кај граѓаните. Кај актите од стотици или илјадници евра речиси и да нема промени или покапувањето е минимално.Тоа не смее да се случи и затоа ги повлекуваме овие измени.

Секоја одлука што дирекно се одразува врз граѓаните во иднина ќе подлежи на широка дебата, односно пред да донесенеме каква било измена, ќе слушнеме што мислат сите засегнати страни и како таа одлука ќе се рефлектира,“ изјави Филков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, вели Медведев

Редакција

Најдоцна до средината на 2024 година ќе добиваме гас од интерконкеторот со Грција, вели Нуредини

Редакција

Биоинженерот Кунгуловски низ лично искуство дава одговори, што не „штимаше“ во третманот на заболените од корона вирусот

Редакција