еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Никола Ѓуричко повторно гостува во Скопје, со неговиот бенд „Џони миднајт трио“

По минатогодишниот фантстичен станд-ап настап на сцената на македонската филхармонија, еден од најдобрите балкански актери со холивудска кариера, Никола Ѓуричко повторно гостува во Скопје, на терасата на Public room, на 3. јули со почеток во 21 часот.

Човекот кој на големото платно одигра фантастични ликови во легендарни филмски остварувања како „До коска”(Do koske), „Молњи”(Munje), „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур”(Kad porastem bicu Kengur), „Зона Замфирова” и секако ликот на Јури во мега-популарната продукција на Нетфликс, „Stranger things”, овој пат ни гостува со неговиот бенд „Џони миднајт трио“.

Џони миднајт трио е остварување на детскиот сон на Џуричко. Бендот е основан во едно студио во Лос Анџелес во 2021 година.

Триото го сочинуваат Никола (Џони) Ѓуричко – гитара и вокал, Александар (Мексико) Пантиќ – бас и Срѓан Миленковиќ – тапани.

Од опуштено џемување во студио во пандемските времиња во 2020-та, преку пријателска музичка размена, до идеја за формирање на бенд и објава на нивниот деби албум насловен „По сеќавање”.

Албумот се состои од авторски песни, но и преработки кои триото ги сними кон крајот на 2022 година во студио во ЛА. Брас секцијата пак е снимена во белградско студио, а потоа целиот материјал е пратен на финален микс кај познатиот продуцент Michael Patterson во ЛА.

Ова е прва турнеја на бендот. На настапот на „Џони миднајт трио“ во Скопје ќе можете да ги слушнете нивните авторски дела, но и нивна верзија на топонимите на југословенскиот рокенрол: ЕКВ, Дадо Топиќ, Слаџана Милошевиќ, КУД Идијоти, Азра, Шарло Акробата…

Авторските песни се создадени токму под влијание на овие рокенрол класици, односно во периодот кога „младиот” Џуричко се обидел да создава музика, за 30. години подоцна, по сеќавање, без нотен запис, да ги рекреира, сними и издаде на носач на звук.

Интересна, несекојдневна и возбудлива вечер во најава.

Влезници по прва цена од 900 денари, достапни на: bileti.drugastrana.mk.

Капацитетот е строго ограничен.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Јас стварно незнам зошто се уште сме држава, а не нечиј протекторат„: Твитер реакции за одложеното заминување на Сеад Кочан во затвор

Редакција

Зборот Македонија со промена на Уставот останува само во член 36: Што пишува во него?

Редакција

„Ве-група“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на булевар Кочо Рацин вреден 390.000 евра

Редакција