еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од нарачани 400.000 пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши со „Северна“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги потврди информациите дека фалат обрасци за пасоши со новото име на државата.

Тој информираше дека од нарачени обрасци за пасоши до 18. февруари требало да пристигнат 400.000, но досега пристигнале само 20.000.

„Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18. февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци.

Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18. февруари, согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но, ќе истражиме,“ посочи Тошковски.

Тој додаде дека македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис.

„Би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните,“ рече Тошковски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражители на СЈО ми вршеа закани и притисоци, тврди обвинет во случајот „Тортура”

Редакција

„Марковски компани“ доби тендер на ЕСМ за ангажирање на помошна механизација вреден 767.000 евра

Редакција

Во декември лани температурата во Македонија била за 1,9 степени повисока од просечната

Редакција