еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Онлајнмедиа: Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

И со новиот предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за медиуми, чиј текст бил утврден на седница на Владата, продолжува практиката на селективно доделување буџетски пари на медиумите, реагираат од Здружението на интернет портали – Онлајнмедиа.mk.

-Јавноста е известена дека измените во Законот за медиуми треба да се усвојат со цел законски да се уреди доделувањето „еднократна финансиска помош“, што би ја добивале печатените медиуми од страна на Владата, наводно заради надминување на проблемот со големите трошоци за печатење и дистрибуција на весниците.

Здружението Онлајнмедиа очекува Владата да објасни како е можно издавачите на весници да се соочуваат со економско-финансиски проблеми за чиешто надминување им е неопходна итна државна помош, токму сега пред избори, а сите тие издавачи остваруваат профити, при што една од компаниите издавач на дневен весник во 2022 остварила профит од неверојатни 350.000 евра.

Истовремено, Здружението Онлајнмедиа укажува на тоа дека Владата не почувствувала потреба во Законот за медиумите, во членот 2, каде што се дефинираат медиумите, да се внесат онлајн медиумите односно интернет порталите. Ова наспроти фактот што интернет порталите повеќе од една година упорно и безуспешно лобираат да станат дел од Законот за медиуми.

Здружението Онлајнмедиа укажува дека за почеток на минимална законска регулација на онлајн медиумите е доволно во членот 2 од Законот за медиуми да се додадат два збора – интернет портали. Ваквата интервенција во Законот нема да ја чини државата ниту 1 денар!

Што се однесува до финансирањето и поддршката на медиумите со државни пари, Здружението Онлајнмедиа категорично се противи на ваквите законски решенија и одлуки со кои на одредени сегменти од медиумската индустрија и конкретно на одредени медиуми им се доделуваат народни пари.

Ако Владата оценува дека има потреба и има финансиски ресурси за помош на медиумите, Здружението Онлајнмедиа инсистира државната поддршка за медиумите да биде системска, неселективна, транспарентна и насочена кон медиумските работници, а не кон медиумските сопственици.

Поради ова, Здружението Онлајнмедиа го повикува техничкиот премиер, Талат Џафери, да го повлече утврдениот текст на предлог-законот за изменување на Законот за медиуми и да го задолжи ресорниот министер да подготви текст во кој интернет порталите ќе станат дел од овој Закон, за што барем декларативно постои широк општествен консензус.

Ако Владата не го повлече утврдениот текст и значително не го подобри предлог-законот за измени на Законот за медиуми, Здружението Онлајнмедиа очекува политичките партии кои партиципираат во техничката влада со амандмани да го подобрат предлог-законот, при што главна цел на измените треба да биде интернет порталите конечно да најдат свое место во овој закон.

Здружението Онлајнмедиа на ресорниот министер и на претставници на политичките партии поодамна им ги доставија и во неколку наврати им ги образложија своите конкретни предлози за измени на повеќе закони, меѓу кои и на Законот за медиуми.

Здружението и понатаму стои на располагање за објаснување на своите предлози за законска регулација на интернет порталите, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Србија денеска пристигнува втората пратка на вакцините „Фајзер“

Редакција

Владата го менува законот за финансиска дисциплина: Нови правила за доцнење во исплатата

Редакција

Нема вето од Бугарија, зелено светло од Советот на ЕУ за потпишување на Фронтекс со Македонија

Редакција