еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Притвор за 39-годишен кумановец осомничен за полов напад врз сопствената ќерка, снимал видеа и ги објавил на социјални мрежи

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1 во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка.

Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот. Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена,“ информираат од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина новинарот Тодор Пендаров

Редакција

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Редакција

Убава вест за туристите: Грција до летото ќе ги укине сите рестриктивни мерки наметнати заради ковид-пандемијата

Редакција