еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Болните деца во Гевгелија се негативни на Ковид-19, ќе се испитува што ја предизвикало инфекцијата

Тим од Клиниката за детски болести од Скопје денеска во Гевгелија заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле педесеттина деца и бебиња. Тестовите за Ковид-19 кај децата биле негативни, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека сè уште нема информации, ниту детали за тоа за каква инфекција се работи и од што е таа предизвикана.

-Ваков тип на инфекции не се карактеристични за летниот период, туку за есен, и затоа ќе се испитува што ги предизвикало, истака Филипче одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст.

Според информациите со кои тој располага вакви случаи не се пријавени во други градови во земјава.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство соопшти дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со респираторна инфекција која не е типична за овој период од годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заспаниот имунитет“ една од можните причини за респираторни инфекции на 50 деца во гевгелиската болница, каде што тим на лекари ќе испитува

Тим на лекари од Клиниката за детски болести утре ќе ги испитуваат причините за респираторни инфекции кај децата во гевгелиската болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рабатот за маркетите од 30 – 40 ќе се намалува на 10%

Редакција

По бурните реакции во јавноста ќе се менува учебникот по социологија за втора година средно

Редакција

Кинески научници: Ковид-19 ја намалува плодноста кај мажите, закана за уништување на човештвото

Редакција