еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Заспаниот имунитет“ една од можните причини за респираторни инфекции на 50 деца во гевгелиската болница, каде што тим на лекари ќе испитува

Во болницата во Гевгелија изминатиот месец, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

„Во мометов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20-на деца се на терапија, но истите не се задржани во болница,“ информираа вчера од Министерство за здравство.

Началничката на детското одделение Љупка Урумова изјави дека на неколку мали пациенти дури им е потребна и кислородна поддршка, а овој респираторен синцијален вирус бил типичен за зима. Децата развиваат бронхопневмонија која обично е пропратена со грипот.

„Наместо појава на стомачни проблеми, кои вообичаено се јавуваат во летниот период, ние се соочуваме со бронхопневмонии со тешка симптоматологија која сме ја немале ниту во зимските периоди кога бројот на пациентите достигнал и над стотина,“ вели Урмова.

„еМагазин“ контактираше неколку лекари за можните причини, и сите се согласни дека една од нив е и „заспаниот имунитет“.

Децата поради коронавирусот беа затворени, не се движеа помеѓу други деца во училиште, во градинка, на игралишта, на родендени каде што вообичаено си ги пренесуваа сите вируси и бактерии и ги поминуваа сезонски.

Од излегување од една „стаклена средина“, па во постепено враќање во нормала, тие се поподложни на вируси и бактерии, бидејќи во меѓувреме не го развиле потребниот имунитет.

Но за да се утврди точната причина за појавата на овој вирус, односно дали станува за делта сој или пак вирусот ги „помешал“ сезоните, денеска тим од лекари од од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во Општата болница  Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Софијанова: Ковид-19 го заспа имунолошкиот систем кај децата, и тоа веројатно е причината за респираторните инфекции во лето

Доктор Софијанова: И во други градови има зголемен број на деца со горно-респираторна симптоматологија

Повеќе од 50 деца со респираторен вирус во гевгелиската болница некои од нив на кислород: Делта сој или вирусот ја „помешал“ сезоната

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ресторан со пратечки содржини „никнува“ кај познатиот видиковец на Козјак

Редакција

Поранешната советничка и пратеничка Даниела Рангелова „куртули“ од обвинението за „Насилство во Општина Центар“

Редакција

(Вознемирувачко видео) Индија: Во реката Ганг фрлаат тела на починати од Ковид-19, властите поставуваат мрежи да ги соберат

Редакција