еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешната советничка и пратеничка Даниела Рангелова „куртули“ од обвинението за „Насилство во Општина Центар“

Обвинителството се откажува од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Обвинителката Фетаи, го прочита прочистеното обвинение, според кое првообвинетиот Никола Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Миле Јанакиески побарал преку лицето Томислав Лазаров да организира група луѓе од централните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега осудениот Томислав Лазаров, кој призна вина, посочи таа, дал насоки поголема група да се организира и спречи пристигнувањето на градоначалникот Андреј Жерновски во општинската зграда, а под образложение дека ќе се гласа против изградба на црквата Св. Константин и Елена, која не била ниту на дневен ред.

– Груевски заедно со Јанакиески преку Лазаров ги поттикнале лицата Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Димче Крстев, Вангел Трифуновски, Митко Пецев (веќе осуден), Трајче Петковски и Игор Бошковски градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен од десетина лица на протест, посочи Фетаи.

Конечно, тоа што двајцата телефонски договараат, и се случува на 7 и 10 јуни 2013 година.

– Не само што протестираат, туку и ја кршат оградата и прозорците на општинската зграда. Единствено нешто што не се случува е тоа што загрижен граѓанин не удрил шамар на градоначалникот. Ова е единствено отстапување од замисленото дело. Настаните кои следуваат, само ја потврдуваат автентичноста на разговорот, изјави Фетаи.

Адвокатите од одбраната реагираа дека се прави повреда на постапката со продолжувавање на  завршни зборови, по суштинска измена на обвинителен акт и бараа тоа да биде ставено на записник.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешната советничка од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и осум други лица.

МИА/Фото: Фејсбук/Рангелова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија соопшти дека ги исполнила првичните цели на инвазијата врз Украина

Редакција

Министерката Петровска бара Кривичен да ја преиспита одлуката за неодредување притвор за напаѓачите во М-НАВ

Редакција

Референдумот за промена на името повторно оспорен пред Уставниот суд

Редакција