еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија соопшти дека ги исполнила првичните цели на инвазијата врз Украина

Руската војска денеска соопшти дека сега ќе се фокусира на „ослободување“ на источна Украина, порачувајќи дека ги исполнила првичните цели на инвазијата врз Украина која започна на 24 февруари.

– Борбените способности на украинските сили се значително намалени, што ни овозможува (…) да се фокусираме најмногу на главната цел: ослободување на Донбас, изјави заменик началникот на Генералштабот на руската армија Сергеј Рудској.

Министерството за одбрана соопшти дека Русија разгледува две опции, едната да ја покрива цела Украина, а другата е насочена кон Донбас.

Ова укажува на можноста за намалување на воените цели на Русија.

Тој истакна дека 93 отсто од територијата на регионот Луганск и 54 отсто од територијата на регионот Доњецк се под руска контрола.

– Русија уништи огромен дел на воздухопловните сили и морнарицата на Украина, што значи успешно завршување на првата фаза од конфликтот, додаде Рудској.

Сепак, Министерството за одбрана не ја исклучи можноста за напад врз украинските градови кои беа блокирани и додаде дека Русија веднаш ќе реагира на секој потег за затворање на воздушниот простор над Украина, на што претседателот Володимир Зеленски постојано повикуваше.

Руското Министерство за одбрана, исто така, најави дека окупацијата ќе продолжи сѐ додека не се постигнат целите што ги поставил претседателот Владимир Путин, но не прецизираше за кои цели станува збор.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22-годишен скопјанец починал на работно место во кривопаланечко Тлменци

Редакција

Привремено примирје во Мариупол и Волноваха, за да се евакуираат цивили

Редакција

Ќе има ревизија на договорот за изградба на автопатот Охрид – Кичево

Редакција