еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе има ревизија на договорот за изградба на автопатот Охрид – Кичево

Ќе има ревизија на договорот за изградба на автопатската делница од Охрид до Кичево, а истата денеска ја најави премиерот Димитар Ковачевски.

-Ќе побарам ревизија на овој проект, и со оглед на тоа што проектот од низа на причини не е завршен десет години, сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на договорот и барање изведувач што ќе го изгради на квалитетен начин, а не да гледаме десет години да се прави пат, да се инвестираат пари, а да нема досега пуштен ниту еден метар од автопатот, рече Ковачевски, кој подвлече дека од тоа што ќе покаже ревизијата ќе се одлучи каква одлука да се донесе.

Изградбата на овој автопат почна во февруари 2014 година. Неговата изградба тогаш вредеше 374 милиони евра, а денеска е 598 милиони евра.

Истиот е дел од Коридорот 8, со вкупна должина од 57 километри.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена: 180 нови случаи на Ковид-19, оздравени 153, нема починати

Редакција

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14%

Редакција

И покрај „заканите” од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Редакција