еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пријавени само една третина од очекуваните: Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година завршува во понеделник

На Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година пријавени се само 1.000 од очекуваните 3.000 проекти, информираат од Министерство за култура.

Системот за електронско пријавување на Конкурсот ќе биде затворен на 6. ноември, понеделник, a се очекува, поголем наплив на апликации да има за време на викендот.

Од таму велат дека до сега не се пријавени проблеми во однос на апликацијата, а офицерите за врски во Министерството се на располагање за какви било информации.

Поддршката за креативни индустрии повторно се возобновува по седум години застој, бидејќи како што велат од Министерство овие индустрии предизвикуваат внимание и нов начин како културата и економијата да бидат поврзани.

Од Министерство за култура и оваа година очекуваат реакции, велат дека секогаш има незадоволство, и парите никогаш не се доволно.

Оваа година не е планирано Конкурсот да биде продолжен.

Тековно ќе бидат објавувани и помалите конкурси, кои им покажале дека на младите им треба само поттик, а од нивна страна биле дадени прекрасни креативни идеи.

Главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти: квалитет, иновативност, креативност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Криво је море…се слуша од еден голф вечерва на Богородица“: Твитер реакции за километарските колони на граница

Редакција

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција

Министер за надворешни работи од ДУИ, заменик од ДПА?

Редакција