еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски објави нови сознанија за случајот со Онкологија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција информираше дека партијата преку свиркачи добила огромна документација за случајот со Клиниката за онкологија, која многу внимателно ја анализирале, а за истата се консултирале со лица кои се стручни и лица кои имаат предзнаење и познавање за тоа кое што е содржано во таа документација.

Тој презентираше извештај од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), кој извршил вонредна финансиска контрола на јавните набавки на Министерството за здравство во периодот од 1. август 2021 година до 1. август 2023 година и на Клиниката за онкологија за периодот од декември 2022 до март 2023 година.

Извештајот според него, покажува дека имало периоди во кои лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој од надлежните не испратил допис и не биле раскинати договорите со добавувачите, немало контрола при аплицирањето на лековите што им се даваат на пациентите кои лежат на Клиниката и се давале лекови на пациенти кои требало да ги примат на друга клиника, а за тоа немало никаква потврда дали тие лекови ги примил пациентот.

– Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение.

Со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на Клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија.

Вистинското прашање е дали имаме повратен одгвоор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана? Но, исто така останува непозната дилемата дали самата Клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од Законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман.

Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 степени целзусови, поголема од 8 степени целзусови, рече Мицкоски.

Според ФЗО, како што посочи, на 31. март лековите „абиратерон“, „алектиниб“ и „вемурафениб“ се регистрирани како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите.

– Дали оваа залиха навистина постои физички или само на хартија, за тоа малку подоцна. Ова е договор на еден од добавувачите, кој што е омилен, од страна на владата на СДС и ДУИ и којшто нормално има привилегија најчесто да ги добива јавните набавки.

Тоа што овие на залиха имале милијарда ипол денари на 31. март, не ги спречило на 27. февруари, да распишат јавна набавка, со која што повторно ќе побараат, од истите овие лекови, рамковен договор со овој омилен добавувач, а тој пак, на 8. мај ќе го склучи овој договор, во вредност од точно 513.656.549,66 денари, со вклучен ДДВ, рече меѓудругото Мицкоски.

Документите, како што најави, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а од Анкетната комисија за случајот со Онкологија во Собранието побара да го прошири опфатот и со овој период од извештајот.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега се самопопишале 82.106 лица од дијаспората

Редакција

Рекордни 177 нови случаи на заболени од корона вирусот, од нив 105 во Скопје

Редакција

Владата со уредба овозможи непречен транзит на странски државјани низ државата, со право да останат само 5 часа

Редакција