еМагазин
Image default
Бизнис

Трендафилов: Со грижата за вработените и нивната благосостојба, САСА е пример кој треба да го следат и останатите компании од домашната индустрија

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, придружуван од претседателот на гранскиот синдикат на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), Игор Ѓерасов и од претседателот на синдикалната организација на САСА, која е дел од СИЕР, Драган Миленковски, беше во посета на рудникот за олово и цинк САСА.

Ова е прва посета на Трендафилов на САСА, по неговиот избор за претседателот на ССМ.

Во текот на посетата, синдикалните лидери имаа можност да се запознаат со работата на САСА, вклучително и со капиталните инвестициски проекти кои треба да овозможат натамошен одржлив развој на рудникот, како и со ефектите од досегашните вложувањата во целокупна модернизација на производството, во безбедноста и условите за работа, во професионалниот развој и благосостојба на вработените, како и во други области, информираат од компанијата.

-Во оваа прилика, претседателот на ССМ, на сите во САСА, им ја честиташе освоената национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работa за 2023 година, потенцирајќи дека тоа е пример и за останатите компании за тоа како треба да се води грижа за вработените и за нивната благосостојба, велат од таму.

На состанокот со претставниците на менаџерскиот тим на САСА, предводени од генералниот директор Кристофер Колбурн, било разговарано и за статусот на колективниот договор на ниво на рудник САСА, како и за потребата од утврдување на акционен план за неговото редовно обновување.

При посетата биле разгледани и можностите за ново усогласување на платите на вработените во САСА со движењата на цените и трошоците за живот.

-Заеднички беше констатирано дека со досегашните зголемувања на платите кои беа реализирани во текот на изминатите шест години од влезот на компанијата Централ Азија Металс во САСА, како и со двете последни што се случија во 2022 и на почетокот на оваа година, САСА успеа да обезбеди ниво на плати кои се околу 60% повисоки од просечната плата во земјата и со тоа да ја обезбеди социјална сигурност и благосостојбата на своите вработени.

На средбата беше особено нагласен позитивниот социјален дијалог помеѓу синдикатот и раководството на САСА и беше договорено тој да продолжи, водејќи сметка за интересите на вработените и на потребите за натамошен одржлив развој на САСА што ќе донесе придобивки и сигурна иднина за сите, велат од рудникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои компании го добија признанието „Македонски квалитет 2022“

Редакција

Колку изнесува највисоката бруто-плата во март

Редакција

Ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4% од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“

Редакција