еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4% од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“

Директорот на Фондот за осигурување на депозити (ФОД), Борче Хаџиев во интервју за МИА изјави дека ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“.

Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари.

Сепак, депонентите-физички лица кои што имаат депозити во „Еуростандард банка“ АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.

„Граѓаните во банките чуваат приближно 4,6 милијарди евра, од кои осигурени се 3,3 милијарди евра. Во случај на одземање на дозволата за работа на некоја од членките на ФОД, се обесштетуваат осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на одземање на дозволата за работа на банката.

Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од банката.

Со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со денот на одземање на дозволата за работа на банката, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.

Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката,“ вели тој во интервјуто.

Хаџиев по случувањата со „Еуростандард банка“, уверува дека депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на банката

На пензионерите и корисниците на парични права не им е потребна одјава од „Еуростандард банка“, за да отворат сметки во други банки

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕЦ Неготино ќе стартува со работа на почетокот на декември

Редакција

„Факом“ ја зголеми добивката и покрај пандемијата од Ковид-19

Редакција

Господинов: Третина од земјава вон даночна контрола, време е да се изброиме

Редакција