еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на банката

Во врска со вчерашната прес-конференција на бизнисменот Трифун Костовски за состојбите во Еуростандард банка, а со цел да се спречат можните шпекулации, од Комерцијална банка АД Скопје велат дека Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка.

„Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу 5 милиони евра. Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија.

Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција,“ се вели во соопштението на банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

На пензионерите и корисниците на парични права не им е потребна одјава од „Еуростандард банка“, за да отворат сметки во други банки

НБРМ: Решението кое што се споделува на социјалните мрежи, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“

Сите детали: Што треба да направат пензионерите кои земале пензии преку Еуростандард банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првиот квартал 126,5 милиони евра странски инвестиции

Редакција

Кои се „5+1“ точки кои Бугарија ги бара во билатералниот протокол

Редакција

МВР: Лажна дојава за бомба во „Сити мол“, од истиот број испратени 40 покани до граѓани да се јават во полициска станица

Редакција