еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР: Лажна дојава за бомба во „Сити мол“, од истиот број испратени 40 покани до граѓани да се јават во полициска станица

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршија увид во трговскиот центар „Сити мол“ и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба.

„Министерството за внатрешни работи, исто така, ги информира граѓаните дека од истиот телефонски број , преку кој е лажно пријавена бомба во „Сити мол“, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор.

Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вардар градба“ го доби тендерот за изградба на канализација во Индустриската зона Визбегово вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Со истекот на мандатот на уште еден судија во декември ќе дојде до блокада на Уставниот суд, предупредува Кацарска

Редакција

Италија со вкупно 64.036 смртни случаи од Ковид-19 на прво место во Европа

Редакција