еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На пензионерите и корисниците на парични права не им е потребна одјава од „Еуростандард банка“, за да отворат сметки во други банки

Македонската банкарска асоцијација (МБА)  ја информира јавноста дека во соработка со институциите, нејзините членки ги превземаат сите потребни активности за да им излезат пресрет на потребите на клентите корисници на банкарските услуги од „Еуростандард банка“ АД Скопје.

„Вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи имаат можност да изберат една од нашите членки преку која би сакале во иднина да ги добиваат приливите на парични средства.

Воедно потенцираме дека пензионерите и корисниците на парични права треба само да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава.

И не само за депозитните, банките и штедилници се отворени за рефинансирање и на кредитните производи на клиентите на „Еуростандард банка“ АД Скопје во согласност со нивните деловни политики.

Македонска банкарска асоцијација повторно афирмира до граѓаните и правните субјекти дека банките и штедилници се и остануваат сигурни и стабилни,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде треба да се обратат физичките и правните лица кои користеле услуги на Еуростандард банка

Комитет за финансиска стабилност: Граѓаните да бидат спокојни, банкарскиот систем е стабилен и по затворањето на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26 од случаите на заболени со коронавирусот во Македонија се од надвор

Редакција

„Макпетрол“ ја зголеми добивката за три пати

Редакција

ЕПП во која членуваат партиите на Борисов, Меркел и Мицкоски без коментар за блокадата од Бугарија

Редакција