еМагазин
Image default
Македонија

Во ВМРО-ДПМНЕ размислуваат да го оспорат мандатот на Заев пред Уставен суд

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека во партијата размислуваат да поднесат „уставна иницијатива“ до Уставниот суд поради одлуката на претседателот Стево Пендаровски да му го додели мандатот за составување на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието. Зоран Заев којшто нема мнозинство.

Пендаровски му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде на народски кажано да „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи.

Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити Уставот, така што размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата“, рече Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Нема што да бараме во Влада со ДУИ, како со криминалци да се бориш против криминалот

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зајд нема да го поддржи новото мнозинство на опозицијата, поради Левица

Редакција

За таблата со новото име пред Владата немало потреба од тендер, бидејќи чинела 5.000 денари

Редакција

МОСТ: Одѕивот до 10 часот 6,6 отсто, неправилности на две гласачки места

Редакција