еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со шефот на државата Стево Пендаровски во вила Водно, која ја побара откако претседателот му го довери денеска мандатот за состав на влада на Зоран Заев, изјави дека од денеска ги замрзнуваат односите со неговиот кабинет.

-ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски.

За жал, како напати во минатото така и овој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. Денеска пратеникот Зоран Заев го доби мандартот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство, изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.

Одговарајќи на новинарско прашање тој изјави дека ова е направено со цел купување време.

Повтори дека нови парламентарни избори се можни, но, вели, се уште не се исцрпени сите опции за фомирање влада.

Имаат забелешка, рече, зошто се брза да се додели мандатот на пратеник кој што уверил дека ќе работи на созадавање парламентарно мнозинство.

Деновиве, најави Мицкоски, ќе информираат за сите потези кои ќе ги преземат како коалиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски вели дека Пендаровски го прекршил Уставот, ќе оди кај него да го праша зошто му го дал мандатот на Заев

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во изборната програма на Блерим Река: Нула проблеми со соседите, стабилна мултиетничка република

Редакција

Хисен Џемаили познат од случајот „Мавровски работници“ ќе стане министер за странски инвестиции

Редакција

Јовески: Човечки фактор или техничката неисправност на возилото можни причини за несреќата

Редакција