еМагазин
Image default
Македонија

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат од Ковид-19 во Кичево

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат, е денешниот Ковид биланс во Кичево.

Според Министерството за здраство, вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 225 лица од кои 125 се активни, 90 излекувани, а десет се починати.

„Денеска имаме пет новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација.

Има и седум оздравени, но за жал, денеска една пациентка на возраст од 80 години ја загуби битката од коронавирусот,“ информира Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб.

Тој апелира граѓаните да се држат до препораките за заштита, дадени од надлежните здравствени институции. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа двајца пациенти од корона вирусот, вкупно 532

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

МИА/Фото: Општина Кичево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

44 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле хоспитализирани во текот на болеста

Редакција

Димовски до Османи: Замисли, Бујар, некој да те притиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина Турчин

Редакција

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, има најголем кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Редакција