еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, има најголем кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прва прес-конференција по вчерашните предвремени избори истакна дека опозициската партија го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада.

ВМРО-ДПМНЕ, според него, има повеќе гласови од СДСМ, без Беса, со која е во коалиција. Разликата во гласови, според Мицкоски, е десетина илјади.

„Важно е што во Македонија расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта, а ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија победија во 41 општина“, потенцираше Мицкоски.

Посочи на Скопје, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, Македонски Брод, Велес, Кратово, Свети Николе, Штип, Неготино, Прилеп, Струга и други места.

„Овој резултат е постигнат во едни тешки околности, силни притисоци и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Денес сајтот на ДИК не работи, а добиваме различни информации дека сомнително се броени и внесувани податоците“, рече Мицкоски, додавајќи дека со ова се бореле во текот на целата кампања.

Сето ова, како што кажа, му дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ, го има најгоемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада, која треба да се соочи со сериозни предизвици.

„Јас сум оптимист затоа што настапуваме чесно и принципиелно. Алтернативата на сето ова е Заев и продолжување на агонијата“, рече Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Симулација на пратенички мандати: Коалицијата „Можеме“ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

Заев прогласи победа на Коалицијата „Можеме“: „Поразен лажниот патриотизам“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката Билјана Беличанец, мајка на две деца, мртва ја пронашол нејзиниот сопруг

Редакција

Градинките ќе ги згрижуваат децата и во време на штрајкот, велат од Министерството за труд и социјална политика

Редакција

„Крафтинг груп“ го доби тендерот на „Македонија пат“ за материјали за обележување патишта вреден 959.000 евра

Редакција