еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градинките ќе ги згрижуваат децата и во време на штрајкот, велат од Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и досега.

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Македонија и Законот за заштита на децата на Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, посочуваат од Министерството.

По повод најавениот штрајк од страна на Синдикатот за образование и наука и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените, како што посочуваат од Министерството, се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Таргет-Тврдина“: Мијалков го испрашуваше свиркачот Костовски за „бомбите“

Редакција

Османи: Не очекувам дека може да усвоиме преговарачка рамка, без конкретен термин за меѓувладина конференција

Редакција

Захариева не го бендиса предлогот што денеска во Софија и Скопје го носат Силва и Вархеји

Редакција