еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев прогласи победа на Коалицијата „Можеме“: „Поразен лажниот патриотизам“

Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача синоќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

„Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата, најмоќната и победничката, тоа е „Можеме““, рече Заев.

Нагласи дека волјата на народот се потврдила.

„Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда. Излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не“, додаде Заев.

Истакна дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.

„Ви благодарам на сите кои денеска бевте активни учесници  во ова ново поглавје од современата македонска демократија, сите вие кои излеговте на овие избори, сите вие кои го остваривте вашето избирачко право и кои учествувате во враќањето на капацитетите на институциите и сите кои презедовте одговорност. Ви благодарам на сите“, рече претседателот на СДСМ.

Изрази задоволство што граѓаните ги препознале вистинските вредности и им дале можност да ги продолжат нивните прогресивни заложби за убава иднина на земјата.

„Денеска концептот парите кај граѓаните го порази концептот обнова на режимот. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација. Концептот што влече силно напред го порази концептот што сакаше да враќа назад.

Концептот едно општество за сите ги порази лажниот патриотизам, конфликтите и поделбите. Време е сите мрачни назадни концепти да завршат во неповратно минато, а партиите кои нудеа вакви поразителни политики да започнат процес на реформирање и на обновување“, истакна Заев.

Нагласи дека со поддршката што ја добиле граѓаните ги задолжиле со голем одговорност.

„Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште подобро. Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина со многу научени лекции за нас и со големи проблеми  решени и оставени зад нас.

Следуваат раст на платите и враќање на парите на граѓаните уште повеќе. Следува масовно чистење на воздухот, водата и почвата, следува еко држава, следува уште поголема грижа за сите граѓани, на кои им е потребно.

Подаваме рака на секој на којшто му треба поддршка и помош. Следува уште подобра заштита на вашето, на нашето, на јавното здравје. Следуваат преговори со ЕУ и конечно народе мој следува правда“, рече Заев.

МИА/Фото:Фејсбук/Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Симулација на пратенички мандати: Коалицијата „Можеме“ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15

Од 93,96 проценти обработени податоци: Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Aхмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови

Редакција

Џафери: Ниту еден народ не би прифатил преговори за тоа што го бара Бугарија

Редакција

(Фото) Ковачевски се сретна со синот на Сорос

Редакција