еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Aхмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати.

– Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму.

Албанците нема да бидат разочарани од нас. Ние обезбедивме над 100 илјади гласови, 12 мандати, а се очекува уште еден 13-ти. Благодарен сум што имав можност да ја соопштам оваа најдобра вест за Албанците и апсолутна победа, истакна Али Ахмети пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.

Според него, ДУИ има најдобри резултати во изборните единици 1, 2, 5 и 6.

МИА/Фото: ДУИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најнови податоци од ДИК: СДСМ 36.9, ВМРО-ДПМНЕ 35.9, ДУИ 10.18, АА и А 8.13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватскиот претседател Милановиќ најави вето за влезот на Финска во НАТО

Редакција

По лабавиот полициски, жесток политички час: Ќе има ли избори?

Редакција

19 прекршувања на полицискиот час, 571 казни за неносење маска

Редакција