еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дерковски: Сајтот на ДИК најверојатно е цел на надворешен напад

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски за проблемот со веб страницата рече дека најверојатно се работи за обид за надворешен напад и дека тоа не предизвикало никаква реална штета.

-Од она што сум информирам дека се работи веројатно за обид за надворешен напад. Јас не сум ни ИТ експерт, ниту можам да ви тврдам или кажам нешто, меѓутоа додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации, ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи.

Без разлика не е оневозможено собирањето на податоците и електронскиот внес и ние имаме информации на време, би рекол, рече вечерва на прес-конференција Дерковски.

Додаде дека имале проблеми со јавната објава на податоците и дека сега технички го премостиле тој проблем, така што има можност да се следите податоците тука во ДИК, а исто така и преку нивниот Јутјуб канал.

Претседателот на ДИК додаде дека досега имаат обработени околу 70-ина проценти од избирачките места во нашата држава.

– Се работи за, не би шпекулирал сега околу резултатите, не е добро од мене, меѓутоа гледате дека има „мртва“ трка меѓу политичките конкуренти. Во секој случај до крај на вечерта ќе имаме првични неофицијални резултати, рече Дерковски.

Тој повтори дека имавме навистина добар организиран изборен ден без поголеми инциденти.

– Можам да им честитам уште еднаш на граѓаните, меѓутоа сакам овој пат да им се заблагодарам и на целокупната изборна администрација, избирачките одбори, општинските изборни комисии коишто ја одработија својата работа во текот на целиот изборен ден, но и сега ја работат и ќе ја работат заедно со нас во текот на ноќта кога ќе биде приемот на материјалот тука во ДИК и до раните утрински часови се со цел овој изборен процес којшто се организираше во исклучително тешка и комплицирана ситуација да го привршиме кон крај, рече претседателот на ДИК.

Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, повеќе од два часа не функционира.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна сајтот на ДИК за резултатите од гласањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ѕирнете во новиот изложбен салон на „Алумил“

Редакција

Владата започна постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози вакцина против Ковид-19

Редакција

За една недела 73 деца до 9 години заболени со Ковид-19

Редакција