еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 73 деца до 9 години заболени со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември покажуваат дека најмногу заболени лица од Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од над 60 години.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.503, 27,2%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.042; 18,9%), 50-59  (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.721 (49,3%) лица од машки и 2.797 (50,7%) од женски пол„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири лица биле на возраст од 20-39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

Намалување од 14,6%: За една недела 5.518 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+видео) Како изгледаше уништувањето на 10 тони дрога во Макстил

Редакција

Карантински продолжен викенд: Следната недела се очекува отворање на ресторани и кафулиња

Редакција

(Видео) Неформалната вечера на балканските лидери во Брисел без многу детали за јавноста

Редакција