еМагазин
Image default
Македонија

(Фото+видео) Како изгледаше уништувањето на 10 тони дрога во Макстил

Во „Макстил“ во Скопје денеска беше уништена 10 тони дрога, најголемо количество запленета дрога досега, која на црниот пазар би достигнала вкупна вредност од 26 милиони евра, информираа од МВР.

Уништени се 10 тони различни видови наркотични дроги, одземени до август 2022 година, по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење.

Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, потоа околу 100 кг хероин, хашиш, кокаин, над 1.000 растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанци.

Уништувањето на дрогата е реализирано со соработка на Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата за управување со недвижен имот.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 24 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Редакција

Продолжуваат судењата за „Ласкарци“, „Траекторија“ и „Транспортер“

Редакција

Поради опасност од бегство, судот одреди 30-дневен притвор за Сашо Мијалков

Редакција