еМагазин
Image default
Македонија

Се запалило возилото кое го превезувало избирачкиот материјал од Гостивар во Скопје

Возилото кое го превезувало изборниот материјал од Гостивар за Скопје се запалило по пат, информираа од СВР Тетово.

„Денеска во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено дека моторно возило форд транзит‘ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово.

Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 28 лица, вкупно до сега 6.367

Редакција

Чавков не се сеќава за деталите од апсењето на Љубе Бошкоски

Редакција

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ најавија потпишување свечени изјави со Северна Македонија

Редакција