еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ најавија потпишување свечени изјави со Северна Македонија

Советниците на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип ќе го испочитуваат рокот што им е даден од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа и ќе ги потпишат изјавите со уставното име, информира координаторот на Советничката група Душко Иванов, по денешната координација меѓу 13 советници.

Иванов вели дека ќе го испочитуваат законски предвидениот рок од 15 дена, појаснувајќи дека денешната трета седница на Советот била закажана пред седум дена и од тие причини продолжува по предложениот дневен ред.

Претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Карагунова-Кожинкова пак истакна дека ќе ги искористат правните лекови и ќе се жалат на второстепената Комисија на решението во кое е забележано дека нивните претходни изјави се неуставни, а одлуките кои ги донесоа на седниците се неважечки.

Советниците од опозициската СДСМ дојдоа пред седницата на Советот, но откако беа информирани дека нема да им се понудат свечени изјави со уставното име и ги слушнаа изјавите на Иванов и Карагунова-Кожинкова решија да не влезат во салата и да не присуствуваат на трета седница на општинскиот Совет.

– Со оглед дека ниту видовме волја, ниту желба од страна на мнозинството во Советот на Општина Штип да ме повикаат како координатор на советничката група да поразговараме за можностите за отстранување на овие правни недостатоци, ние и денеска нема да учествуваме во работата на Советот, изјави Маријана Рогожарска-Поповска, координатор на советничката група на СДСМ-Штип.

Во свечената сала остана само опозицискиот советник, Зоран Костовски на кого не му беше верификуван мандатот, бидејќи бил на службен пат пред десет дена. Службите му ја понудија свечената изјава на која не беше наведено уставното име на државата, но тој одби да ја потпише со образложение дека е неуставна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Треба да потпишат нови со Северна Македонија: Неуставни се свечените изјави на штипските советници

Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат со уставното име на државата

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња

Редакција

Починаа 10 пациенти од Ковид-19, кај 48-годишен вирусот утврден постмортем

Редакција

(Галерија) Пола Влада на свадба кај градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев

Редакција