еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Треба да потпишат нови со Северна Македонија: Неуставни се свечените изјави на штипските советници

Свечените изјави без уставното име што ги потпишаа штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спротивни на Уставот, е заклучокот на инспекторите од Државниот инспекторат за локалната самоуправа.

Решението опомена до градоначалникот на Општина Штип и до претседателот на Советот е пристигнато попладнево.

Според она што го пишува во решението, советниците од мнозинството ќе мора да потпишат нови свечени изјави, но и да се повторат одлуките кои во меѓувреме се донесени.

Свечените изјави треба да се усогласат со Уставот, бидејќи тој е највисок правен акт кој произведува супериорно правно дејство и сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него, пишува меѓудругото во Решението на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Со решението на Инспекторатот опомени заработија градоначалникот Иван Јорданов и претседателката на Советот, Весна Карагунова-Кожинкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип

Кој е Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип

Следен чекор е потпишаните свечени изјави без уставното име да се повлечат, а на наредна седница да се потпишат нови со уставното име. Такви насоки доби службата на Советот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов вели дека очекува да го види решението, кое до службите пристигнало доцна попладне, по што ќе имаат координација и ќе го кажат својот став како понатаму ќе постапат согласно добиеното решение од Државниот инспекторат.

За в понеделник е закажана и трета седница на Советот, на којашто треба да се носи и ребаланс на буџетот.

Доколку мнозинството советници не постапи согласно добиеното решение од Инспекторатот во рокот кој им е даден, во тој случај можат да се соочат и со мерката „забрана за прописи“. Ова ќе значи целосна болокада на работата на Советот на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За свечените изјави со „Република Македонија“, штипските советници од ВМРО ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор

Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат со уставното име на државата

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Нови правила на ТАВ, најмалку три часа пред лет да се пристигне на аеродром

Редакција

Граѓаните да се воздржат од големи семејни прослави, засега нема да има препорака за нови мерки

Редакција

Спасен маж кој бил завеан од снегот во селото Радња на Кожув

Редакција