еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалници, СДСМ 9, во вториот битката ја продолжуваат во 25 општини

Кој е Иван Јорданов

Иван Јорданов, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Штип.

Роден е во јули 1988 година во Штип.

Тој е дипломиран економист.

Зборува и англиски јазик.

Политичка кариера

Тој е член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно бил претседател на Општинскиот комитет (ОК) на партијата во Штип.

Во партијата претходно ја извршувал и функцијата претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип во периодот од 2012 до 2016 година.

Бил член на Советот на Општина Штип од 2013 година.

Јорданов бил член на Централниот комитет на партијата од 2014 година, а од 2013 до 2016 година е и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Како пратеник во Собранието беше член на неколку комисии, меѓу кои и Комисија за финансирање и буџет, Комисијата за економски прашања, Комисијата за локална самоуправа…, како и на неколку пратенички групи за соработка со парламенти на други земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дарко Костовски, новиот градоначалник на скопски Бутел

Кој е Костадин Костадинов, новиот градоначалник на Струмица

Кој е Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на скопски Аеродром

Фото: Фејсбук/Јорданов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За претседателката на Косово знамето на “голема Албанија“ во Тетово и непочитувањето на државните симболи било недоразбирање

Редакција

Исклучителен успех за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини 2024“

Редакција

Почина актерот Лук Пери или Дилан од серијата „Беверли хилс“, по кој сите бевме „луди“

Редакција