еМагазин
Image default
Македонија

За свечените изјави со „Република Македонија“, штипските советници од ВМРО ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална самоуправа Горан Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов за МИА вели дека од решението на инспекцискиот надозр ќе знаат што понатаму да преземат.

Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд.

Иванов посочи дека ќе го почекаат надзорот, по што ќе се произнесат. Инспекцискиот надзор до претпладневните часови не е пристигнат во Општина Штип, тврдат од општинските служби.

Советниците на СДСМ кои ја напуштија конститутивната седница се на став дека Уставот е прекршен и заклетвата, како и одлуките по неа се невалидни и тие ќе го чекаат официјалното правно толкување за овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат со уставното име на државата

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.210 случаи на Ковид-19, во Скопје 464

Редакција

Поради несогласување меѓу пратениците од ДУИ, неизвесно продолжувањето на седницата за избор на претседател на Собранието

Редакција

Управа за извршување на санкции: Орце Камчев добива ист третман како и другите притворени

Редакција