еМагазин
Image default
Македонија

Поради несогласување меѓу пратениците од ДУИ, неизвесно продолжувањето на седницата за избор на претседател на Собранието

Неизвесно е дали денеска ќе се одржи најавениот избор на претседател на Собранието.

На функцијата треба да биде реизбран претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери, кој треба официјално да го закаже продолжението на конститутивната седница.

Според собраниски извори, се уште се водат разговори за продолжување на конститутивната седница. За какви разговори станува збор никој официјално не зборува.

Дел од медиумите пишуваат за несогласувања во редовите на пратениците од ДУИ.

Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи.

Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници.

Денешниот избор на Џафери синоќа го најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на состанокот на Централниот совет на партијата на кој беше потврден коалицискиот договор со СДСМ и беа објавени имињата на кандидатите за министри во новата влада.

Очекувањата се дека предлогот за избор на Џафери за собраниски спикер ќе биде поднесен во Парламентот со потписи од 20 пратеници.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери

“Дали Заев и Груби ќе имаат и заеднички фејзбук профил?„: Твитер реакции за кандидатите за министри на СДСМ и ДУИ

Оваа се сите кандидати: Новата влада наместо 26 ќе има 19 министри

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За САД референдумот е успешен: Политичките лидери да се издигнат над партиските политики

Редакција

(ВИДЕО) Италијанските медиуми објави фотографии од убиеното семејството Поцеста од Дебар

Редакција

Дрин Ахмети легално купил пиротехнички средства, кои се забранети за продажба кај нас

Редакција